За прв пат бројот на невработени во Македонија падна под 100.000

Bez autora
Sep 04 2024

За прв пат во историјата на Македонија бројот на невработени се спушти под 100 илјади, објави Агенцијата за вработување.

Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени во јули месец изнесувал 98.976 лица од кои дури 46.291 се пријавуваат редовно како лица кои бараат работа.

Во февруари бројката на невработени била 106 илјади додека во јули таа паѓа на 98 илјади. Односно, за само неколку месеци има пад од речиси 8 илјади лица.

И кај бројот на лицата кои се водат како баратели на работа, има осцилации, и постепено намалување. Кај нив најголем број пријавени во Агенцијата имало во март и тоа 47.452, по што бројот постепено се намалувал

Според податоците на Агенцијата, најголем дел од македонските невработени се лица на возраст од 55 до 59 години. Следни се лицата кои треба да одработат уште малку за до пензија, и лицата од 50 до 54 години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik